Наполи: Нов позитивен играч и еден излечен, Елмас засега останува во изолација

Наполи ги објави најновите информации околу коронавирусот во тимот кој е присутен во моментов кај четворица фудбалери. Станува збор за Елмас, Осимен и Лозано и по ново Малкут. Петања, пак, доби два негативни теста и ја прекина изолацијата.

Пред два дена Елмас направи две тестирања, на кои на едното излезе негативен, но на второто беше позитивен со што останува во изолација.

Елмас е во трка со времето за натпреварот со Јувентус кој се игра во четврток. И натаму не е познато дали Елмас ќе може да настапи, но голема е веројатноста тој да не биде вклучен во тимот за дербито.

Се вчитува...