Наполи нуди 75 милиони евра за Федерико Киеза

Италијанскиот калчолигаш Наполи има сериозна намера да го преземе приматот на Јувентус во Серија А следната сезона. Раководството на клубот го ангажираше искусниот стратег Карло Анчелоти, а тој веќе ја крои листата на можни засилувања. Една од неговите најголеми желби е Федерико Киеза, напаѓачот на Фиорентина, за кого веќе е подготвена понуда вредна 75 милиони евра.

Фиорентина одби неколку слични понуди за Киеза, сметајќи дека тој треба да биде еден од фудбалерите околу кого ќе се гради тимот во иднина. Засега „виолевиоте“ не се расположени да му дозволат на Киеза да си замине, но прашање е до кога ќе одолеваат на примамливите понуди.

Се вчитува...