Наполи објави: Елмас ќе биде казнет!

Елиф Елмас ќе биде еден од лидерите на македонската репрезентација на вечерашниот дуел во Виена, но непријатна вест за него пристигна од Неапол, откако раководството на Наполи реши да го казни нашиот интернационалец.

Имено, „наполитанците“ на помалку од еден час пред мечот Австрија – Македонија преку официјално соопштение објавија дека ќе следат санкции за македонскиот репрезентативец поради „неовластено давање изјави на новинари“.

„Наполи може да потврди дека Елиф Елмас раџговараше со новинар без дозвола од клубот за време на клупскиот бојкот. Затоа, Наполи има право да покрене постапка против фудбалерот“ – се вели во соопштението потпишано од Никола Ломбардо, шеф за комуникации на актуелниот италијански вицепрвак.

Се вчитува...