Наполи, очекувано, славеше против Беневенто и се врати на врвот во Италија

Наполи го продолжи победничкиот чекор во Серија А, славејќи триумф (0-2) на гости против аутсајдерот Беневенто. Тимот на Маурицио Сари е многу поквалитетен и тоа го докажа уште во првото полувреме. Со голот на Дрис Мертенс во 20.минута „наполитанците“ стигнаа во водство.

На самиот старт од вториот дел, Марек Хамшик уште еднаш ја погоди мрежата на Беневенто, по што беше јасно дека фаворитот ќе ги освои планираните бодови на ова гостување. Повторно Наполи има бод предност во однос на Јувентус на табелата во италијанскиот шампионат.

Се вчитува...