Наполи одби 110 милиони евра од Јунајтед за Кулибали

Италијанскиот калчолигаш Наполи ја одби понудата на Манчестер Јунајтед за купување на дефанзивец Калиду Кулибали, вредна 110 милиони евра. Раководството на англискиот премиерлигаш наддава за Кулибали и ова е трета понуда, откако „наполитанците“ претходно не беа задоволни и со понудите од 90 милиони евра и 103 милиони евра.

За Кулибали постои интерес и од Манчестер Сити, ПСЖ и од Реал Мадрид. Тој дојде во Наполи од Генк во 2014 година и се оформи во еден од најдобрите одбранбени фудбалери во светот.

Се вчитува...