Наполи одби „ѓаволска“ понуда за Кулибали

Италијанскиот калчолигаш Наполи одби фантастична понуда од 100 милиони евра за дефанзивецот Калиду Кулибали. Ќе беше тоа рекорден трансфер за еден одбранбен фудбалер, меѓутоа Де Лаурентис стави „стоп“ за заминувањето на Сенегалецот на барање на новиот шеф на стручниот штаб.

Тренерот Карло Анчелоти смета дека сенегалскиот интернационалец е незаменлив во одбраната, доколку Наполи сака да биде конкурентен за шампионската титула во Серија А и оваа сезона. Искусниот стратег сака дополнително да го засили тимот и со неколку искусни фудбалери како Видал, Ди Марија и Кавани, за да биде формиран тим кој ќе се бори за „скудетото“.

За Кулибали имаше сериозен интерес и од англиските премиерлигаши Челси и Евертон, но „наполитанците“ имаат јасна стратегија дека одбранбениот фудбалер не е на продажба.

Се вчитува...