Наполи остана без стандарден првотимец

Наполи слабо ја стартуваше новата сезона, а тренерот Руди Гарсија се соочи со нови проблеми поради повредата што ја заработи стандардениот дефанзивец Хуан Жезус. Бразилскиот ас ја пропушти последната средба со Болоња, а деталните лекарски прегледи ја потврдија лошата вест – станува збор за истегнување од прв степен на мускулот на ногата поради што се препорачува пауза од најмалку три седмици.

Ова значи дека Жезус не само што ќе го пропушти следниот дуел со Удинезе, туку нема да може да настапи ниту со Лече и со Фиорентина во Серија А, но и против Реал Мадрид во второто коло од Лигата на Шампионите. Доколку не дојде до нови компликации, Жезус би можел да се врати во тимот на Наполи за мечот со Верона по репрезентативната пауза, закажан за 21 октомври.

Проблемите за Гарсија се уште поголеми ако се знае дека е повреден и вториот дефанзивец Рахмани, кој исто така уште најмалку една седмица нема да му биде на располагање на тренерот на „наполитанците“.

Наполи по пет одиграни кола е седмопласиран и има освоено скромни осум бода, седум помалку во однос на лидерот Интер.

Се вчитува...