Наполи победи: Елмас утре на лекарски прегледи и потпис!

Трансферот на Елиф Елмас во Наполи е завршена работа откако италијанскиот вицешампион денеска ги финиширал успешно преговорите со Фенербахче за ангажман на македонскиот репрезентативец. Ова го тврди италијански „Спорт Медиасет“, откривајќи дека турскиот гигант ја прифатил понудата од 15 милиони евра, плус бонуси, што клубот од Неапол ја доставил за трансфер на Елмас.

Според овие информации, Елмас во текот на утрешниот ден ќе допатува во Неапол, каде по лекарските прегледи и официјално ќе го стави својот потпис на договорот со вицешампионот.

За услугите на Елмас се интересираа и Фиорентина и Интер, но управата на Наполи заврши одлична работа успевајќи да го договори трансферот на Македонецот, кој беше желба и на Атлетико Мадрид и на Тотенхем.

Се вчитува...