Наполи победи и без Инсиње и без Мертенс

Наполи прокнижи нови три бода на калчолигашката табела откако избраниците на Карло Анчелоти славеа на гостувањето против СПАЛ со 1-2.

Тренерот на „наполитанците“ не можеше да смета на двајцата клучни напаѓачи, Дрис Мертенс и Лоренцо Инсиње, но и без нивна помош тимот од Неапол успеа да стигне до триумф над незгодниот противник. Алан го отвори резултатот во корист на гостите, СПАЛ израмни со пеналот на Петања, а херој на Наполи во самиот финиш беше Марио Руи, постигнувајќи го голот за победа во 88. минута.

Се вчитува...