Наполи победува и кога не игра најдобро, трета радост за Беневенто

Само неколку часа траеше престојот на Јувентус на првото место на табелата откако Наполи експресно се врати на врвот, триумфирајќи со 1-0 на натпреварот со СПАЛ.

„Наполитанците“ не одиграа на висина на своите можности, но сепак стигнаа до посакуваните три бода благодарение на погодокот на Алан на самиот почеток од натпреварот. Лидерот постигна и втор гол преку Хамшик, но истиот беше поништен поради офсајд по повторно прегледување на снимката со ВАР технологија.

Беневенто ја забележа третата победа во Серија А сезонава, на домашен терен против Кротоне со 3-2 со голот што го постигна Диабате во 89. минута. Интересно во самата завршница беше и на дуелот Болоња – Сасуоло, каде домаќините славеа со 2-1 со голот што Пулгар го постигна во 88. минута.

Се вчитува...