Наполи пред службен пораз поради неиграњето на мечот со Јувентус

Дерби мечот од Серија А меѓу Јувентус и Наполи не е одигран бидејќи фудбалерите на Наполи останаа во изолација по препораката на здравствените власти, откако два члена на тимот меѓу кои и нашиот Елиф Елмас беа позитивни на коронавирус.

Според правилникот на Серија А, Наполи би можел да го изгуби мечот, поточно натпреварот да биде регистриран со службени 3-0 за „старата дама“. Фудбалерите на Јуве дојдоа на „Алијанц арената“ со план да го одиграат мечот, но бидејќи никој не се појави од фудбалерите на Наполи натпреварот беше откажан.

 

 

Се вчитува...