Наполи прв посегна по „Меси меѓу голманите“, Рома без размислување одби 40 милиони евра

Рома ја одби првата понуда од Наполи за нивниот голман, Алисон Бекер, вредна 40 милиони евра. Според италијанските медиуми, „наполитанците“ понудиле 35 милиони евра кеш, додека пет милиони евра следуваа во бонуси, но раководството на клубот од Рим без размислување ја одби понудата, не прифаќаат ништо помалку од 50 милиони евра.

Спортскиот директор на Рома, Мончи, посочи дека нема клаузула во договорот на бразилскиот чувар на мрежата, а веќе подготвуваат нов договор, за да ја обноват соработката и да му стават астрономска клаузула во новиот договор, со цел да можат во иднина „дебело“ да заработат од неговата продажба. Алисон сезонава блеска во дресот на Рома и веќе е мета на неколку европски великани, но тој истакна дека не размислува да ја напушти „волчицата“.

Наполи како алтернативи се надева на Бернд Лено од Баер Леверкузен и Матија Перин од Џенова, откако речиси е сигурно дека Пепе Реина ќе го носи дресот на „росонерите“ од следната сезона.

Се вчитува...