Наполи ремизираше со Торино, Елмас остана на клупата

Наполи ремизираше без голови на гостувањето против Торино во 7. коло од Серија А.

„Наполитанците“ дури се спасија и од пораз ако се знае дека Торино имаше далеку повеќе изгледни можности за погодок. Ансалди во 74. минута ја имаше последната одлична шанса но не успеа да погоди за триумф на Торино.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби шанса за настап на денешниот дуел, останувајќи на клупата за резервни фудбалери.

Наполи сега е на пет бода од водечкиот Интер, кој има и натпревар помалку вечерашното дерби против Јувентус.

Се вчитува...