Наполи се „лизна“ со Верона, Елмас играше последните 28 минути

Наполи направи „кикс“ во 12. коло од Серија „А“ вечерва откако одигра само 1:1 против Верона на свој терен. Наполитанците може да бидат среќни затоа што имаа негатива со гол на одличниот Џовани Симеоне во 13. минута.

Сепак, Ди Лоренцо брзо врати, и во 18. минута го израмни резултатот.

Во вториот дел влезе и Елмас, поточно во 62. минута, но Наполи не дојде до втор гол. На крајот Верона го заврши со двајца играчи помалку откако беа исклучени Беса и Калиниќ.

Во вториот меч, Лацио лесно го совлада составот на Салернитана. Лацијалите победија со 3:0 со головите на Имобиле, Педро и Луиз Алберто.

Се вчитува...