Наполи се обидел зимава да го купи Икарди

Лидерот на табелата во Серија А, тимот на Наполи, во изминатиот зимски преоден рок имал обид да го купи капитенот на Интер, Мауро Икарди. Како што потврди првиот човек на „наполитанците“, Аурелио де Лаурентис, за италијанските медиуми, тој понудил 60 милиони евра за ангажман на напаѓачот на Интер.

„Се сретнав со неговата сопруга Ванда Нара, таа е многу убава. Понудив 60 милиони евра отштета и преговаравме за личните услови на Мауро Икарди. Тој е извонреден напаѓач и тврдам дека во Наполи, под водство на Маурицио Сари, би постигнал 40 гола во една сезона. Би бил како Бразилецот Роналдо“, изјави Де Лаурентис.

Оваа зима и Реал Мадрид се обиде да го купи Мауро Икарди, но трансферот не се реализира.

Се вчитува...