Наполи се огласи по објавата на Елиф – Елмас сакаше само да се пошегува и ништо повеќе

Наполи се огласи по објавата на нашиот репрезентативец Елиф Елмас, откако „дијамантот“ објави на Инстаграм фотографија од клупата за резерви, нарекувајќи ја – „Мојата прва љубов-клупата“!

Објавата брзо предизвика бура во Неапол и Италија, а медиумите сето то го окарактеризираа како прво јавно незадоволство на Елмас за статусот кој го има.

И после 48 часа во кои Спалети индиректно одговори дека секој фудбалер во Наполи е важен, посебно резервите, спортскиот директор на клубот Кристијано Џунтоли реши да стави точка на целата беспотребна приказна. Објавата на Елмас е само шега и ништо повеќе.

„Елиф имаше извонредна мината сезона со седум гола и пет асистенции и речиси секојпат стартуваше како резерва. И ние мора да му бидеме благодарни. Во моментов, кога не може да помогне на теренот, сакаше сам да се пошегува и ништо повеќе. Тоа што други поинако го протолкуваа и лошо го прифатија – не е наш проблем!“, рече Џунтоли.

Се вчитува...