Наполи слави голем јубилеј: 30 години од првото „скудето“

На денешен ден пред 30 години, во веќе далечната 1987 година, калчолигашот Наполи го освои првото „скудето“ во клупската историја, а најзаслужен за тоа беше кој друг, ако не Диего Армандо Марадона. Денеска „наполитанците“ слават голем јубилеј од најголемата радост во историјата на клубот.

„Веста дека Диего Марадона потпиша за Наполи во 1984 година во денешниот модерен фудбал има исто значење како „наполитанците“ да го купиле Кристијано Роналдо, само не за истата сума“, истакна поранешниот претседател на клубот Корадо Ферлаино, човекот кој раководеше со клубот од 1983 до 1993 година. Оваа компарација перфектно го опишува моментот и денот кога легендата на аргентинскиот фудбал пристигна за рекордни 7 милиони долари од Барселона, а со овој трансфер се најавуваше нова ера за клубот и нови достигнувања кои ќе бидат врежани во историјата.

96ab65582e656d66b2ebba1d47d3c68f

Пред доаѓањето на Марадона, Наполи можеше да пофали со трофеи кои можеа на прсти да се избројат, за кои им требаа 20 години за да ги освојат. Најмногу се радуваа на двата трофеи во Купот на Италија, кои ги освоија во 1962 и 1976 година. На грбот на бизнисменот и милионерот Ачиле Лауро, Наполи градеше клуб кој имаше многу обожаватели и верни навивачи, но нивниот напор беше недоволен за поголем успех. Во сезоната 1981/82 година Наполи стигна до највисокото четврто место за нив во Серија А, но соништата за поголем успех полека изумираа откако во следната сезона беа елиминирани од најелитната италијанска фудбалска лига.

390F160300000578-3820190-image-m-33_1475524263836

Во втората дивизија Наполи имаше шанса да го реконструира тимот, почнувајќи од Чиро Ферара, дефанзивецот кој е производ на нивната академија, па се’ до пристигнувањето на играчите како Симоне Болдини, Салваторе Баги, Валтер де Веки, Доменико Пензо и Даниел Бетрони. Но, во 1984 година, претседателот Ферлаино направи необичен потег и потроши голема сума на пари за еден играч, со цел да го донесе тимот повторно на врвот.

Презентирањето на 24-годишниот Диего Марадона на стадионот „Сао Паоло“ пред 75,000 навивачи беше доволен знак за „наполитанците“ дека нивниот спасител пристигна, и ќе испише нова историја за нивниот клуб.

Наполи потфрли во првиот обид со Марадона за освојување на „скудетото“, се најдоа на осмото место во сезоната 1984/85, а шампиони тогаш беа ривалите од северот, Верона. Наредната сезона се искачија до третото место благодарение на Марадона и новиот тренер Отавио Бјанки, a првак во земјата беше уште еден ривал, Јувентус од Торино, кој ја освои 22. титула.

По СП во Мексико во 1986 година, Марадона, тренерот Бјанки и претседателот Ферлиано според нивен план направија тим во кој преовладуваа италијански играчи. Клучна беше одлуката на Бјанки да ја смени тактиката, за да може Марадона да добива повеќе слобода во нападот, па така со 17 постигнати гола во 41 натпревари ја предводеше екипата кон првата титула во историјата на италијанскиот фудбал. Наполи стана и првиот клуб од јужниот дел на Италија кој стигна до шампионскиот пехар.

Титулата не беше крајот на Наполи во сезоната 1986/87. Со победата над Аталанта од 4-0 во финалето од Купот на Италија, ја освои двојната круна.

napoli-scudetto-800x540

Се вчитува...