Наполи со нов обид за Ирвинг Лозано

Италијанскиот калчолигаш Наполи ги обнови преговорите за ангажман на мексиканскиот интернационалец Ирвинг Лозано од ПСВ Ајндховен. Раководството на „наполитанците“ имаше неуспешен обид за одличниот крилен фудбалер и во минатиот преоден рок, а сега Карло Анчелоти сака по секоја цена да го види во својот тим.

Наполи е подготвен да плати 50 милиони евра за да го доведе Лозано на „Сан Паоло“ ова лето. На фудбалерот му е понуден четигодишен договор со заработка од 4,5 милиони евра по сезона.

Се вчитува...