Наполи со „нула“ ја заврши сезоната, Аталанта моќно и против Торино (ВИДЕО)

Наполи без сила и моќ да го победи и Лече во последното коло, ја заврши сезоната во Серија А.

Наполитанците се обидуваа да дојдат до трите бода на крајот од првенството, но не успеаја во тоа со „нула“ заокружувајќи ја сезоната за заборав.

А, наспроти нив, Аталанта, пак, максимално моќно ја заврши сезоната со убедлива победа од 3-0 против Торино.

Скамача и Лукман стрелаа во првото полувреме, а Пашалиќ од пенал во 70. минута заокружи за 3-0. Пред почетокот на мечот фудбалерите на Аталанта со овации беа поздравени за освоената титула во Лигата на Европа, добивајќи и честитки од противничките играчи.


Се вчитува...