Наполи со „петарда“ против Калјари за 10. победа во низа

Наполи забележа голема победа на гостувањето во Калјари со убедливи 5-0, и со тоа стигна до бројката од 10 победи во низа во Серија А. Фудбалерите на Мауризио Сари ја искористија одложената средба меѓу Јувентус и Аталанта, со овој триумф сега имаат четири бода предност во однос на „старата дама“, и во следниот период ќе стојат цврсто на врвот на табелата во италијанскиот шампионат.

Голеадата ја започна Хозе Калјехон по половина час игра, а потоа Мертенс донесе двојно водство за „наполитанците“ во 42. минута од првото полувреме. Капитенот Марек Хамшик зголеми на 3-0 во 61. минута,  Лоренцо Инсиње во 72. минута беше прецизен од белата точка за 4-0, а Марио Руи во последните моменти од средбата ги постави конечните 5-0.

nbsp;

 

Се вчитува...