Наполи со пораз од Болоња за крај на сезоната во Серија А

Наполи загуби (3-2) на гостувањето против Болоња за крај на сезоната во Серија А.

„Наполитанците“, на крајот, завршија на втората позиција на табелата со 79 освоени бода зад водечкиот Јувентус.

На дуелот во Болоња, домашните по првото полувреме имаа предност и од 2-0 со головите на Федерико Сантандер во 43. и Џемаили во 45. минута. Наполи успеа да дојде до израмнување со головите на Гулам во 57. минута и Мертенс во 77. минута од средбата, но домашните со вториот гол на Сантандер во 88. минута дојдоа до конечните 3-2.

Се вчитува...