Наполи со пресврт победа ја освои Варшава

Елиф Елмас и неговиот Наполи се искачија на врвот на табелата во групата „Ц“ откако со преврт во второто полувреме забележаа победа од 1-4 на гостувањето во Варшава против Легија. Македонскиот репрезентативец одигра 65. минути на денешниот меч.

Домаќинтие кои поведоа преку Емрели во 10. минута предноста од 1-0 ја задржаа и до полувремето, но вторите 45. минути им припаднаа на неаполитанците кои голеадата ја започнаа во 51. минута кога Зиелински беше сигурен од белата точка. Пресвртот на Наполи го осиугра Мертенс, повторно од пенал во 75. минута, а до крајот стрелаа и Лозано и Оунас за значајна победа.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Англискиот претставник Вест Хем пак ги испушти првите бодови во натпреварувањето откако ремизираше на гостувањето кај Генк со 2-2. Домаќините поведоа уште во 5. минута од мечот, а откако „чекичарите“ со головите на Бенрама успеаја да направат преврт во второто полувреме, автоголот на Соучек во 88. минута донесе реми кое е значајно за Динамо Загреб.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...