Наполи со пресврт во 98. минута до триумф против Каљари… (ВИДЕО)

Наполи триумфираше со 2-1 против Каљари со гол од пенал во 98. минута на натпреварот од 35. коло во Серија А.

Инсиње погоди од белата точка во последните секунди за три бода на „наполитанците“ за конечни 2-1, откако претходно Мертенс во 85. минута израмни на 1-1. Каљари поведе со 0-1 во 63. минута со погодокот на Паволети.


Наполи со оваа победа само се зацврсти на втората позиција на табелата, а Каљари е и онака во безбедната зона за опстанок во елитното друштво.

Се вчитува...