Наполи со прва дијагноза по повредата на Елиф Елмас

Елиф Елмас не успеа да го доврши натпреварот меѓу Наполи и Емполи, откако македонскиот репрезентативец заработи незгоден удар пред самиот крај и мораше да биде заменет.

Елмас со помош на лекарите се упати кон клупата на „наполитанците“, а веднаш по првите лекарски прегледи Наполии ја објави и првичната дијагноза за состојбата на „дијамантот“, заедно со онаа на Зиелински, кој поради проблеми со дишењето мораше да биде повлечен од игра по само дваесетина минути.

„Елиф Елмас беше заменет пред крајот на мечот Наполи – Емполи. Тој има траума на мускулот на десната нога. Зиелински мораше да биде заменет поради проблеми со дишењето. Тестовите извршени врз него дадоа негативен резултат“, објави Наполи.

За очекување е по утрешните детални прегледи да биде обелоденето и колку долго Елмас ќе отсуствува од фудбалските терени.

Се вчитува...