Наполи со прва понуда за Матија Перин

Италијанскиот калчолигаш Наполи бара нов голман за следната сезона, со оглед дека Пепе Реина веќе го договори својот трансфер во редовите на Милан. Раководството на „наполитанците“ има неколку опции, а една од најголемите желби е Матија Перин, соиграчот на Горан Пандев од Џенова и италијански репрезентативец. Првиот чекор е веќе направен, Наполи испрати понуда вредна 15 милиони евра.

Но, очигледно дека тоа нема да ги задоволи апетитите на Џенова. Ќе мора „наполитанците“ да се потрудат многу повеќе за да го обезбедат потписот на Перин. Покрај него, во опција за голот на Наполи се уште неколку имиња како Руи Патрицио од Спортинг Лисабон, Бернд Лено од Баер Леверкузен…

Се вчитува...