Наполи тргнува по Чиро Имобиле

Италијанскиот калчолигаш Наполи сака да ја засили навалната линија во тимот со репрезентативецот Чиро Имобиле од Лацио. Тренерот Карло Анчелоти сака да доведе нов голгетер кој би ја подобрил реализацијата на „наполитанците“ следната сезона. Понудата на Наполи изнесува 50 милиони евра.

Чиро Имобиле има договор со Лацио до 2023 година, но Наполи се надева дека може да го убеди римскиот клуб за продажба на еден од најдобрите фудбалери. Имобиле пет пати беше најдобар стрелец во Серија А.

Се вчитува...