Наполи тргнува по Ирвинг Лозано

Италијанскиот калчолигаш Наполи со сите сили тргнува по Ирвинг Лозано. Мексиканскиот интернационалец е на прагот да го напушти ПСВ Ајндховен, а Карло Анчелоти го посакува во тимот на „наполитанците“. Лесно може да се случи во наредните неколку дена тој да му стане соиграч на Елиф Елмас.

Наполи долго време го „ловеше“ Хамес Родригез од Реал Мадрид, но откако преговорите пропаднаа сега Анчелоти се фокусираше на Лозано. За него Наполи е подготвен да плати 30 милиони евра.

 

Се вчитува...