Мауро Икарди долго време размислуваше само за преселба во Јувентус, но ситуацијата се промени, па аргентинскиот ас сега е многу блиску до трансфер во Наполи. Новиот клуб на Елиф Елмас тргна амбициозно на пазарот, но се здоби со два удари во последните денови, најпрвин Пепе потпиша за Арсенал, а потоа Реал ги стопираше преговoрите за Хамес Родригез.
Овие настани ги натераа „наполитанците“ да ја променат стратегијата, па сега со сите сили да тргнат по Икарди. Интер не сака да го продаде својот екс-капитен на Јувентус, а Наполи планира да го искористи тоа и да понуди 60 милиони евра за експресно да постигне договор со клубот. Во меѓувреме, се водат преговори и со Ванда Нара, за да се убеди сопругата (воедно и менаџерка на голгетерот) наместо во Торино, Аргентинецот да се пресели во Неапол.
Интер настојува што поскоро да ја заврши сагата со Икарди, но и да обезбеди пари за да ангажира соодветна замена во нападот (како опции се споменуваат, Лукаку, Џеко и Кавани).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА