„Наполи веќе не може да го чека Елмас, мора да донесе нов играч за врска“

Елиф Елмас долго време се наоѓаше во немилост на Џенаро Гатузо, македонскиот „дијамант“ конечно дочека темпераментниот стратег да си замине, а на клупата на Наполи неодамна пристигна Лучијано Спалети.

Новиот тренер засега му дава сосема солидна минутажа на Елмас, но во јавноста се почести се критиките кон нашиот ас, барајќи од Аурелио де Лаурентис да го одврзе кесето и да донесе нов фудбалер за врска.

„Спалети ќе игра 4-2-3-1, а нема опции во средниот ред за ваква формација. Елиф Елмас? Тој не може да се снајде во оваа тактика, не верувам во него. Наполи не треба да чека, мора да донесе играч што ќе ги задоволи вкусовите на новиот тренер“, пишува новинарот на „Газета дело спорт“, Мимо Малфитано.

Според него, Де Лаурентис ќе згреши ако не биде активен на пазарот до крајот на овој преоден рок.

„Да не заборавиме дека Наполи го чека Елмас, но веќе нема време за чекање. Сите сакаа тој да блесне, да стане нова ѕвезда, но мора да се биде разумен и да се прифати кој е квалитетот што се има во тимот, па потоа да се доведе она што недостига. Убеден сум дека Наполи нема да чека, туку ќе доведе нов фудбалер за врска, а потоа и лев бек. Тоа се двете најпроблематични позиции во оваа екипа во моментов“, додава илаијанскиотт новинар.

Се вчитува...