Наполи во нокдаун, Јуве води со 2-0

Јувентус експресно поведе со 2-0 на стартот на големото дерби против Наполи, покажувајќи зошто е првак на Италија токму во пресметката со актуелниот вицешампион.

Првиот погодок беше дело на Данило, кој не мина на теренот ниту една минута, а веќе се запиша во листата на стрелци. Имено, десниот бек влезе во игра на местото на повредениот Де Шилјо, а веќе во првиот напад Јуве тргна во контра, Даглас Коста го проигра Данило, кој од пет-шест метри ја смести топката во мрежата.

Веќе во 19. минута резултатот гласеше 2-0, откако Игуаин одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник, велемајсторски се ослободи од својот чувар и го зголеми водството на својот тим.

Се вчитува...