Јувентус и Наполи одиграа феноменален дерби-натпревар во второто коло од „Серија А“, во кој „старата дама“ во неверојатна завршница стигна до победа од 4-3. Јуве водеше со 3-0, а потоа Наполи со три гола во рок од петнаесетина минути се врати и израмни на 3-3. Најдобриот дефанзивец на гостите, Кулибали, се претвори во огромен трагичар откако со несмасна интервенција си постигна автогол во судиското продолжение, кршејќи ги срцата на „наполитанците“.
Мечот почна извонредно за Јувентус, кој поведе со 2-0 преку Данило и Игуаин, а потоа при овој резултат Кедира не искористи два зицери. „Старата дама“ го постигна третиот гол во 60. минута преку Роналдо и се чинеше дека на гостите ќе им се случи дебакл, но избраниците на Анчелоти воскреснаа и го шокираа шампионот со три брзи гола, дело на Манолас, Лозано и Ди Лоренцо.
И кога се очекуваше дека гостите ќе стигнат до заслужен бод, Јуве стигна до победата во судиското продолжение. Нашиот Елиф Елмас, кој влезе во игра при резултат 3-2, направи тактички прекршок над Дибала на триесетина метри од својот гол. Токму Дибала нафрли во шеснаесетникот, но Кулибали наместо да ја расчисти опасноста ја смести топката во сопствената мрежа, за шок кај „сино-белите“ и тотална еуфорија меѓу домашните навивачи на „Алијанц Арена“ во Торино.
DANILO GOL
pic.twitter.com/yNi0P6sph6— Juvefc.com (@juvefcdotcom) August 31, 2019
Higuain GOLLLLpic.twitter.com/9PxGOtpjjp
— Juvefc.com (@juvefcdotcom) August 31, 2019
Ronaldo GOL
pic.twitter.com/1YIWGtpaJq— Juvefc.com (@juvefcdotcom) August 31, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА