„Наполитанците“ го освоија Милано… (видео)

Наполи стигна и до третата едноподруго победа во Серија А, славејќи во дербито на 21. коло на гостувањето против Милан со 1-2.

„Наполитанците“ дуелот си го решија веќе во првите 9 минути. Уште во 6. минута Инсиње го донесе Наполи до водство од 0-1, а веќе во 9. минута со голот на Каљехон беше 0-2.

Милан успеа само преку Куцка во 37. минута да намали на 1-2, и тоа беше се…

All Goals & Highlights HD – AC Milan 1-2 Napoli… by RussellLerman

Оваа победа го однесе Наполи на втората позиција со 44 бода, исто колку што има и Рома, но и натпревар помалку, додека Милан остана на петтото место на табелата со 37 бода.

Се вчитува...