„Наполитанците“ на бунт против претседателот Де Лаурентис

Наполи е во резултатска криза, а лошата атмосфера се префрлува и на односите во клубот. Фудбалерите бунтуваат против принципите на претседателот Аурелио де Лаурентис и по синоќешното реми со Салцбург во ЛШ одбиле да заминат повторно во карантин. Тие не се качиле во клупскиот автобус што требало да ги врати во базата Кастел Волтурно, порачувајќи му на Аурелио де Лаурентис преку неговиот син, дека ќе си заминат дома.

„Кажи му на татко ти дека си одиме дома“, му појаснил Лоренцо Инсиње на Едоардо де Лаурентис.

Кризата во Наполи е евидентна и по односот на Карло Анчелоти. Тој исто така не се појави на прес – конференцијата по синоќешниот меч, најверојатно гасејќи го пожарот во соблекувалната.

Се вчитува...