„Наполитанците“ подобри од Интер, само на чекор од второпласираната Рома

Наполи на најдобар можен начин го искористи новиот „кикс“ на Рома, поразот во градското дерби со Лацио, и со триумф (0-1) на гости против Интер стигна само на еден бод негатива, во трката за освојување на второто место во Серија А, кое води директно во Лигата на шампионите. Очигледно со повеќе мотиви од „нероаѕурите“, тимот на Маурицио Сари остана фокусиран на „Џузепе Меаца“ и успеа да ги освои трите бода.

Клучниот момент се случи во 43.минута. Нагатомо направи катастрофална грешка во одбраната, му подари топка на Хозе Каљехон, кој воопшто не се двоумеше, ја искористи оваа ситуација и ја погоди мрежата на Интер.

Jose Callejon Goal – Inter vs Napoli 0-1 – 30… by footballlivehdnow

Се вчитува...