Во ситуација кога Наполи преговара со Хамес Родригез и Мауро Икарди, јасно е зошто трансферот на Елиф Елмас не беше одбележан со масовна еуфорија меѓу тифозите на италијанскиот вицепрвак. Сепак, „наполитанците“ имаат причина за оптимизам при доаѓањето на македонскиот репрезентативец, потсетувајќи се на придонесот што за нивниот клуб го има оставено Горан Пандев.
Капитенот на нашиот национален тим настапуваше за Наполи од 2012 до 2014 година, притоа освои и два трофеи во Купот на Италија.
„Потеклото на Елмас влева надеж меѓу навивачите на Наполи, тој е вториот Македонец што ќе заигра за овој тим по Горан Пандев. А Пандев во двете години минати во Неапол воодушеви не само со техничките квалитети, туку пред се со човечката големина која го зближи со фановите на Наполи, создавајќи врска што е нераскинлива до денешен ден. Ако Елмас сака да успее, треба само да продолжи по стапките на Пандев“ – пишуваат медиумите од Неапол по комплетирањето на денешниот трансфер на македонскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА