„Наполитанците“ супериорни против Киево

Наполи лесно и убедливо го совлада Киево, последнопласираниот тим на табелата во Серија А, со 1-3 на гостински терен. Тимот на Карло Анчелоти со 67 бода се наоѓа на втората позиција и има заостанување од 17 бода во однос на лидерот Јувентус. Комфорен е што се однесува и до третопласираниот Интер, кој доцни зад „наполитанците“ десет бода.

Дефанзивецот Калиду Кулибали ја отвори и ја затвори серијата голови на Наполи, а стрелец беше и Аркадиуш Милик. Почесниот погодок за Киево беше дело на Боштјан Цесар во 90.минута од мечот.

Се вчитува...