Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа скок од седум места на последната АТП листа. Зад Македонецот е успешна недела во која забележа две победи во квалификациите за главниот турнир во Кобе која го смести на 323 позиција на светскиот ранкинг.
Скок на најновата АТП листа забележаа и Обрад Марковски кој напредна за едно место и во моментот е на 1465 позиција, како и Горазд Србљак кој со скокот од две места сега го завзема 1040 место.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа пак остана на 178 место на ВТА ранкингот, додека Магдалена Стоилковска забележа пад од шест места и во моментот е на 1229 место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА