„Нарцисот“ Роналдо: Никој во фудбалот не може да се спореди со мене

Кристијано Роналдо отсекогаш важел за нарцисиодна личност, но Португалецот се надмина себе си со последните коментари и споредбите околу тоа кој е најдобар. Компарациите меѓу Роналди и Меси траат веќе десетина години, но според португалскиот ас нема место за споредба.

„Не гледам луѓе со мојот талент, посветеност, желба за работа, со мојата фудбалска етика. Затоа и тврдам дека никој во фудбалот не може да се спореди со мене, никој не може да биде како Кристијано Роналдо“ – истакнува ѕвездата на Реал Мадрид.

Тој се потсети и на детството, кога на своите пријатели им најавил дека ќе биде најдобар во светот.

„Од самиот почеток стартував со кариерата за да бидам најдобар во светот, им го велев тоа гласно и на другарите од детството, кои ми се смееја. Секако дека на почеток играв од забава, уживав, но кога дојдов во Манчестер јунајтед видов дека таа желба може да мис се оствари“ – се присетува Роналдо.

Се вчитува...