Наскоро документарен филм и за Меџик Џонсон

Документарен филм за ликот и делото на Меџик Џонсон ќе биде премиерно прикажан во 2021. година. На приказната на легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс се работи, а во документарецот ќе бидат опфатени различни сегменти од животот на Меџик.

„Меџик постигна многу на теренот, но и надвор од него. Многу сум возбуден што ќе работам со него и ќе може да ја пренесеме неговата приказна“, изјави генералниот директор на продуцентската куќа која ќе работи на документарецот, Брин Музер. 

Меџик во текот на кариерата освои пет прстени со Лејкерс, а во три наврати беше избран и за најкорисен кошаркар во лигата. Неодамна беше прикажан документарецот посветен на Мајкл Џордан и Булс од 90-тите години на минатиот век, а веќе се подготвуваат и филмови посветени на Коби Брајант и Том Брејди.

Се вчитува...