Александер Нубел ги помина лекарските прегледи во Баерн Минхен и потпиша петтгодишен договор со германскиот гигант. Од клубот истакнуваат дека со ова е потврден договорот кој уште зимава беше постигнат со младиот голман, по кој Нубел на крајот на сезоната требаше да премине на „Алијанц“ како слободен фудбалер.
Со тоа Баерн повторно успеа да „украде“ талентиран голман од клубот од Гелзенкирхен, откако истото се случи и во 2011 година кога го доведоа Мануел Нојер.
Alexander Nübel absolviert Medizincheck beim #FCBayern.#MiaSanMia
— #MEI8TER (@FCBayern) June 30, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА