Наследникот на Роналдо во Португалија е новата „деветка“ на ПСЖ

ПСЖ ја заврши потрагата по нов голгетер откако вечерва го комплетираше трансферот на Гонсало Рамос од Бенфика, фудбалерот кој блесна на последното СП во Катар откако доби шанса пред Кристијано Роналдо и постигна хет-трик во осминафиналната пресметка со Швајцарија.

„Светците“ се интересираа и за Кејн, Осимен, Влаховиќ, Коло Муани… но на крајот успеаја да го договорат трансферот на португалскиот ас.  Рамос доаѓа на едногодишна позајмица, што беше клучен фактор во преговорите поради неизвесноста во буџетот по кондликтот со Мбапе, а ПСЖ ќе има можност следното лето целосно да го откупи неговиот договор со Бенфика за 80 милиони евра.

„Огромна чест ми е што доаѓам во ПСЖ, еден од најголемите клубови во светот. Верувам дека ќе ги оправдам очекувањата на луѓето кои ме доведоа овде“, изјави Рамос по потписот на договорот со францускиот шампион.

Се вчитува...