Јувентус се наоѓа во сериозен проблем откако и Душан Влаховиќ реши да го напушти клубот, па Лучијано Спалети остана без класична „деветка“.
Раководството на „старата дама“ работи напорно на ангажман на нов врвен напаѓач, а последните информации говорат дека наследникот на Влаховиќ ќе пристигне од редовите на Атлетико Мадрид. Станува збор за Александер Серлот, норвешкиот ас кој сезонава постигна низа важни погодоци за Атлетико, но сепак не успеа да се избори за првотимски статус крај Хулијан Алварез.
Во Јуве се убедени дека Серлот може да блескаво Серија А и веќе почнале преговори со шпанскиот клуб. Понудата не е премногу висока, изнесува 25 милиони евра, но Јуве дополнително ќе го испрати во Атлетико својот фудбалер Нико Гонзалес. Тој ги мина последните шест месеци на позајмица во мадридскиот клуб, играше стандардно, Атлетико не ја плати клаузулата од 22 милиони евра, но во Јувентус се убедени дека токму Гонзалес ќе биде клучниот фактор за успешно финиширање на овие преговори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
