Насмевки во Рига, триумф е императив против Летонците (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Летонија,

Никола Ѓуровски

Македонските фудбалери го почувствуваа “зеленилото” во Рига и освежени го одработија првиот тренинг по вчерашното пристигнување во Летонија. Насмевки кај сите, максимален мотив за триумф против последнопласираната селекција во групата, но и жал за двата бода кои не ги ставивме во куфер на летот за Рига.

Здравствениот билтен е поволен, тренираше и капитенот Горан Пандев, но тој и понатаму ја влече непријатната повреда на слабините. И покрај тоа, максимално професионално ги одработува задачите од селекторот Игор Ангеловски.

Денешниот тренинг беше одржан на стадионот “Аркадија”, а утре фудбалерите ќе ја почувствуваат и атмосферата на стадионот “Даугава” на официјалниот тренинг пред мечот в понеделник.

 

 

Се вчитува...