Наспроти пишувањата на Италијанците: Пандев, Елмас и Несторовски утре во Скопје!

Македонските репрезентативци кои настапуваат во Италија, Горан Пандев, Елиф Елмас и Илија Несторовски утре и дефинитивно доаѓаат во Скопје на собирот на националниот тим за историскиот натпревар против Грузија за пласман на Европското првенство следната година.

Наспроти пишувањата на дел од италијанските медиуми за забрана на интернационалците од Џенова, Интер, Сасуоли и Лацио за приклучок на репрезентациите поради коронавирусот, од таборот на македонската репрезентација нагласуваат дека македонските репрезентативци утре и дефинитивно доаѓаат во Скопје, меѓу нив и Горан Пандев.

„Локалните здравствени авторитети донесоа забрана за фудбалерите од Фиорентина, Џенова, Интер, Лацио, Рома и Сасуоло да се приклучат на националните тимови за време на паузата во Серија А, затоа што по враќањето ќе мора да минат потоа извесен период во карантин“ – пренесоа дел од италијанските медиуми.

Сепак, од македонската репрезентација категорично потенцираат дека досега нема откажување од ниту еден репрезентативец. Претходно се тврдеше дека и Наполи не сака да го ослободи Елиф Елмас, но потврдено e дека и еден од најголемите македонски фудбалски таленти доаѓа во Македонија.

Во Скопје треба да пристигне и Аријан Адеми од Динамо Загреб по што ќе биде утврдена тежината на повредата која ја заработи денеска, и можноста да биде подготвен за настап против Грузија во Тбилиси на 12. ноември.

Се вчитува...