Насри повторно проблематичен за Сити

Манчестер сити може да загуби 25 милиони фунти доколку УЕФА го обвини Самир Насри за користење на допинг. 30-годишниот играч за врска е под истрага откако минатата година во користел недозволени средства, за време на неговото патување во Лос Анџелес со неговите соиграчи од Севилја.

Супстанците биле од клиниката во Лос Анџелес „Дрип Докторс“, кои  на социјалните мрежи се пофалиле дека Насри користел нивен производ. Ваквите третмани се забранети од ВАДА, Светската Антидопинг агенција, односно за нив се добива посебен сертификат одобрен од нивна страна, кој за жал, фудбалерот не го поседувал. Агенцијата за заштита на здравјето во спортот во Шпанија, веднаш ја започнала истрагата, која подоцна е превземена од УЕФА.

Насри во Севилја помина една сезона како позајмен играч, а се соочува со казна од 2 до 4 години забранет настап на фудбалските терени. Исто така Сити ќе треба да го раскине договорот со фудбалерот, па ќе мора да му ја исплати сумата која  би ја заработувал до крајот на договорот. Насри заработува 120.000 фунти неделно, му преостануваат уште две години од договорот, па се смета дека ќе мора да му исплатат околу 12 милиони фунти. Со оглед на интересот за неговите услуги, Сити се надеваше дека ќе го продаде за сума од 10 до 15 милиони фунти, но планот ќе пропадне ако се докаже дека Французинот користел недозволиви супстанци.

Плејмејкерот пристигна во 2011 година, Сити го откупи од Арсенал за 25 милиони фунти, а Насри со „граѓаните“ освои две титули во Премиер лигата, како и ФА купот, пред да оди на позајмица во Севилја.

Се вчитува...