Наташа Андонова со два гола за осминафинале на Мадрид во Купот на Шпанија

Македонската репрезентативка Наташа Андонова одигра одличен натпревар во 1/16-финалето од Купот на Шпанија за својот Мадрид.

Андонова учествуваше со два гола во победата од 1-7 на Мадрид на гостувањето против Хуелва на гости.

Македонската фудбалерка погоди во 4. и во 52. минута од средбата, максимално учествувајќи во пласманот на Мадрид во осминафиналето на Купот на Шпанија.

Се вчитува...