Наташа Антиќ во наредните две сезони на голот на Михаловце

Македонската репрезентативка Наташа Антиќ интернационалната кариера ќе ја продолжи во Словачка. Антиќ во наредните две сезони ќе го брани голот на словачкиот шампион Јувента Михаловце.

Репрезентативната голманка во Словачка се сели по една сезона помината во романскиот тим Дунареа Браила. Претходно, пред да ја почне интернационалната кариера, Антиќ го носеше дресот на Металург.

Со словачкиот шампион, репрезентативната голманка во претстојната сезона ќе настапува во Купот на ЕХФ.

Се вчитува...