„Наташа-шоу“ – Гол и асистенција за едно полувреме на Андонова против Рајо Валјекано

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова е најдобриот поединец на својот Леванте во првото полувреме од натпреварот од 15. коло во женската Ла лига против Рајо Валјекано.

Домаќинките по првите 45. минути имаат предност од 4-1, а од два гола на својот тим беше и нашата репрезентативка. Прво, Андонова во 7. минута и асистираше на Љорис за водство од 1-0 на Леванте, а потоа го постигна и погодокот за 3-1 во 34. минута.

За капитенот на женската фудбалска репрезентација на Македонија ова беше втор гол и исто така втора асистенција сезонава во шпанската Ла лига.

 

Се вчитува...