Натпревар без голови меѓу браќата Бабунски и Никола Серафимов во унгарскиот шампионат (ФОТО)

Пресметка на македонските репрезентативци Доријан и Давид Бабунски од една страна и Никола Серафимов, од друга страна, во 26. коло од унгарскиот шампионат. На крај, дуелот меѓу Дебрецин и Залаегерцег заврши без голови, Серафимов успевајќи да ги запре налетите на офанзивецот Доријан Бабунски.

Сите тројца го стартуваа натпреварот за своите екипи, како и поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Миловановиќ кој почна од првата минута во дресот на Залаегерцег а го одигра првото полувреме.

Серафимов го одигра целиот натпревар за гостите, како и Доријан Бабунски во дресот на Дебрецин. Давид Бабунски, пак, настапи до 65. минута во домашниот тим.

Се вчитува...