Дерби на колото за крај на годината: Може ли МЗТ да ја расипе „перфекцијата“ на Пелистер?

Прволигашките возбудувања за оваа календарска година завршуваат во СЦ „Јане Сандански“ каде денеска од 18 часот МЗТ Скопје ќе го пречека Пелситер во 12. коло. Аеродромци во овој меч ќе бараат влез во нова победничка низа на домашно тло, додека битолчани продолжување на перфеткниот учинок.

Првиот меч помеѓу овие два тима оваа сезона донесе возбудлив натпревар во „Боро Чурлевски“ на кој во неизвесна завршница на победа се радуваа домаќините, но симпатиите ги освоија гостите кои настапија без неколку повредени играчи, а успеаја да парираат на фаворизираниот тим во текот на целиот меч.

Вториот пак кој беше одигран во АБА2 лигата донесе доминација на МЗТ Скопје кој умешно ги користеше грешките на противникот и забележа убедлива победа па ќе биде интересно да видиме дали „зелено-белите“ ќе успеат да извлечат поука од тој меч или пак „сино-белите“ повторно ќе го наметнат својот ритам.

Во фокусот на денешната средба повторно ќе биде играта „два на два“ и битката под обрачите каде ќе се сретнат Роберт Рикиќ од едната и Игор Кесар од другата страна. Хрватот и Србинот зад себе имаат одлична сезона во која бележат просек од 11.4 поени и 8.8 скока, односно 19.3 поени и 6.4 скока по натпревар.

Се вчитува...